Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бока: На Македонија и треба ЕУ, Унгарија е ваш искрен пријател на тој пат!
Македонија

Бока: На Македонија и треба ЕУ, Унгарија е ваш искрен пријател на тој пат!

11/04/2025

AA

Јанош Бока, министер за ЕУ прашања на Унгарија на заедничката прес-конференција во Скопје со министерот за европски прашања Орхан Муртезани порача дека Македонија веќе требаше да биде во ЕУ. На Северна Македонија и треба ЕУ, но и обратно на ЕУ и треба Северна Македонија. Унгарија е ваш искрен пријател на тој пат.

– Постои силно стратешко партнерство меѓу Унгарија и Северна Македонија кое се темели на споделени вредности и замени интереси, а тоа се однесува и на прашањата на евроинтеграцискиот процес. За време на унгарското претседателство со ЕУ, се обидовме и успеавме да го ставиме во преден план проширувањето, помогнавме за усвојување на реформската агенда за земјата, како и за влезот во СЕПА- единствената област на плаќања во евра, што исто така ќе биде голем исчекор за Северна Македонија, рече Бока кој ја искористи приликата да изрази длабоко сочувство за трагедијата во Кочани и подготвеноста на Будимпешта и понатаму да даде каква било помош.

Тој потсети дека двете влади веќе одржаа заеднички меѓувладини седници во Охрид и во Буримпешта, а нов исчекор во билатералните односи меѓу двете земји е, рече, и денешното потпишување на Меморандумот за соработка кој меѓу другото треба да и помогне на земјата во искористувањето на европските фондови.

Министерот Муртезани од своја страна истакна дека Северна Македонија и Унгарија се поврзани со длабоки пријателски врски, а билатералната соработка добива уште позасилена динамика со денешното потпишување на Меморандумот. Унгарија, нагласи тој, одамна ја има нашата благодарност за гласната поддршка за нашиот евроинтегративен пат и подвлече дека особено ја цениме нејзината улога како претседавач со Советот на ЕУ имајќи предвид дека токму за време на унгарското претседателство со Советот на ЕУ минатата година прашањето за проширувањето на Унијата и интеграцијата на ЗБ беше ставено високо во приоритетите на претседавањето а со тоа и на европската агенда.

– Министре Бока вашата постојана гласна и принципиелна поддршка за интегрирањето на Северна Македонија и Западен Балкан во Унијата што побрзо е вистински пример за пријателство во пракса. Круна на таа посветенопст е денешното потпишување на Меморандумот за соработка кој поставува цврста рамка за долгорочно и структурирано партнерство во областа на европските интеграции. Со потпишувањето на овој Меморандум на нашата веќе блиска соработка и даваме институционална димензија и стабилна рамка. Овој документ не претставува само формализирана административна алатка туку е израз на нашата заемна посветеност за продлабочувањето на партнерството преку размена на знаења, искуства и заеднички напори кон усвојување на европските стандарди. Со овој чекор Северна Македонија и Унгарија уште еднаш покажуваат дека Европа не е само географија и бирократија туку заеднички вредности и дека политиката на проширување на ЕУ е една од најважните стратешки цели, рече Муртезани.

Тој додаде дека ние сме подготвени да учиме од унгарското евроинтеграциско искуство и оти како Влада која веќе ги има восппавено структурите за координација со процесот на евроинтеграција во рамки на преговарачкиот процес ќе го искористи ова партнерство како допполнителен мотив за забрзување на нашата евроинтеграција.

Министерот Бока вчера одржа предавање на Универзитетот Скопје, во кое истакна дека Европската Унија се наоѓа пред нова ера и дека се потребни промени за адаптација на новата реалност. 

По потпишувањето на Меморандумот за соработка, следна фаза ќе биде утврдување на работниот план за активностите на двете страни што ќе биде финализирано на следната средба во Будимпешта.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АХВ: Немаме увезено спорна бебешка храна на брендот HiPP во

22/04/2026
Македонија

Трагедија во гостиварско: 48-годишен работник загина при одглавување на заглавена

22/04/2026
Македонија

„НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОГОВАРАШ СО МИЦКОСКИ, РАСПИШИ РЕФЕРЕНДУМ ЗА

22/04/2026
Македонија

Пиротехниката ја поставија по 01 часот додека ние веќе бевме

22/04/2026
Македонија

Без камата за стар долг: Комунална хигиена со акција за

22/04/2026
Македонија

ГРУБИ ГО ДРЖИ АХМЕТИ „ВО ЗАЛОЖНИШТВО“ Ниту по 20 години

22/04/2026
Македонија

ЗИМАТА СЕ ВРАТИ Ладниот бран носи обилни врнежи, на планините

22/04/2026
Македонија

🎥 МИЦКОСКИ ГИ ПОВИКА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ВО АВСТРИЈА ДА СЕ ВРАТАТ

22/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42748
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АХВ: Немаме увезено спорна бебешка храна на брендот HiPP во Македонија

22/04/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека во моментов нема добиено официјална нотификација преку Системот за брзо известување за

Трагедија во гостиварско: 48-годишен работник загина при одглавување на заглавена сајла на кран

22/04/2026

Во гостиварскиот регион се случи несреќа со смртен исход за време на изведување градежни работи на приватен објект, при што

„НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОГОВАРАШ СО МИЦКОСКИ, РАСПИШИ РЕФЕРЕНДУМ ЗА РУДНИК ЗА АНТИМОН“ СДСМ го

22/04/2026

СДСМ со соопштение му се обрати на градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски, кој доаѓа од нивните редови, и побара

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy