
Германците откажаа летови – Ер Србија продолжува да лета: Вечерва евакуација на граѓаните
Германската авиокомпанија Луфтханза денеска одлучи да ги прекине летовите кон Израел, по бранот палестински напади. Ер Србија продолжува да лета.
Многу од светските авиокомпании донесоа одлука да ги прекинат летовите или да ги ограничат.
„Поради моменталната безбедносна ситуација во Тел Авив – Луфтханза ќе одржи еден лет до Франкфурт, но сите други летови на Луфтханза до и од Тел Авив се откажани за оваа сабота“.
Да потсетиме, Ер Србија во соработка со Владата на Република Србија денеска ќе изврши репатријациски лет од Тел Авив.
Исто така, да потсетиме, денеска во 10:00 часот на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ слета авион на „Ер Србија“.
