Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГЕРМАНЦИТЕ ИМ ПОМАГААТ НА АМЕРИКАНЦИТЕ ВО ОДБРАНАТА НА ЦРВЕНОТО МОРЕ! „Продолжување на ескалацијата на насилството, оваа мисија е неопходна“
Македонија

ГЕРМАНЦИТЕ ИМ ПОМАГААТ НА АМЕРИКАНЦИТЕ ВО ОДБРАНАТА НА ЦРВЕНОТО МОРЕ! „Продолжување на ескалацијата на насилството, оваа мисија е неопходна“

16/02/2024

AA

Германија се приклучи на одбраната на Црвеното Море.

Германската влада го одобри учеството на германските вооружени сили во мисијата „Аспид“ на Европската унија, чија цел е да ја заштити поморската рута во Црвеното Море од нападите на Хутите од Јемен, беше објавено во петокот. „Постојаната ескалација на насилството и заканата по животите на екипажите на трговските бродови ја прави неопходна воена мисија“, рече заменик портпаролот на германската влада Волфганг Бухнер на редовната владина прес-конференција во петокот.

Германската фрегата „Хесен“ со екипаж од 240 членови пред десетина дена веќе исплови од пристаништето Кил за да им се придружи на сојузничките сили во морето кај Јемен. Одлуката на германската влада следната недела треба да ја потврди и Бундестагот каде мнозинство имаат владејачките партии. Следната недела министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија треба да дадат конечно зелено светло за мисијата.

Бродовите од мисијата на ЕУ, за разлика од бродовите на САД и Велика Британија кои веќе учествуваат во мисијата „Посејдон Арчер“, нема да учествуваат во нападите на паравоените позиции на Хутите на копно, туку ќе ги заштитат бродовите од проектили. Фрегатата „Хесен“ е специјално опремена за придружба и заштита на бродови.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy