Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Георгиев: Доколку се дозволат законски интервенции за Судскиот совет, тоа ќе биде лоша порака и лоша пракса за во иднина
Македонија

Георгиев: Доколку се дозволат законски интервенции за Судскиот совет, тоа ќе биде лоша порака и лоша пракса за во иднина

21/06/2023

AA

Право и обврска е на министерот за правда да дава предлози и решенија до Собрание, за некакви законски решенија. Нивно право е тоа и ќе останам без коментар. Но, морам да потенцирам дека, доколку се дозволи со некакви законски интервенции за Судскиот совет како тело, и за други тела кои што претставуваат уставна категорија, тоа ќе биде една лоша порака и лоша пракса за во иднина, изјави претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев.

Во однос на случувањата во Судскиот совет и дали оставки од сите членови е решението, Георгиев во гостувањето на телевизија Сител, рече дека оставките се лично право, но дека во дадената ситуација тоа не е решение.

– Оставките, особено како колективно тело не се решение. Од причини што, согласно Законот за Судски совет, замислете ако колективно заминат сите колеги членови, ќе имаме состојба кога ќе има празен простор кој да постапува за да дојдат новите членови. Согласно законската поставеноста на Судскиот совет, целата таа процедура за новите колеги ја спроведува Судскиот совет, изјави Георгиев.

И така, посочи Георгиев, за краток временски рок завршува мандатот за најголем дел од членовите од овој состав на Судскиот совет, така што, како што нагласи, за кратко време ќе дојдат нови колеги.

Прашан во однос на моќта на Судскиот совет согласно закон и Устав, што им дава статус на недопирливи во јавноста, Георгиев рече дека не се чувствуваат така и дека работат по закон и одговораат пред законот.

– Прво не се чувствуваме дека сме недопирливи и дека немаме никаква одговорност. Работиме по закон, тоа го кажуваат резултатите. Какви и да се, резултатите се тие. Од друга страна, одговорноста и како судија, и како член на совет, и како претседател, апсолутно имаме одговорност. Одговараме пред законот, тука нема дилема во тој дел. Одговараме пред законот и доколку некој не се придржува до тоа поединечно, ќе си ја носи одговорноста, тука е законот еднаков за сите, изјави Георгиев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy