Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГЕОДЕТСКАТА КОМОРА БАРА – ФОКУС НА РАЗВОЈ, СТАНДАРДИ И СОВРЕМЕНА ТЕХНОЛОГИЈА, НАМЕСТО СИСТЕМСКИ ПРЕЧКИ
Економија

ГЕОДЕТСКАТА КОМОРА БАРА – ФОКУС НА РАЗВОЈ, СТАНДАРДИ И СОВРЕМЕНА ТЕХНОЛОГИЈА, НАМЕСТО СИСТЕМСКИ ПРЕЧКИ

20/01/2024

AA

Продолжувајќи го
концептот на промоција на активности во насока на поддршка на компаниите, најавуваме
уште една новина, а тоа е делувањето на Комората на трговски
друштва за геодетски работи во рамки на Стопанската комора на Северна
Македонија, за што беше склучен договор за соработка меѓу двете Комори.

Геодетската дејност
е нераскинлив дел од секојдневното функционирање и одржливиот развој на секое
општество во целина и имајќи го во предвид ова, компаниите кои ја обавуваат
оваа дејност во изминативе 20-тина години во делот на реализација на
урбанистични планови, експропријација, приватизација на градежно земјиште,
легализација на бесправно изградени објекти и друго, покажаа дека имаат
суштинска улога во граѓанските постапки, стопанството и воопшто во самото
општество, а воедно ја докажаа својата подготвеност за одговор на поставените
предизвици.

Од тој аспект со
задоволство и целосно ќе ја поддржиме геодетската комора, во нивните напори за
унапредување на приватниот сектор од геодетската област и професијата воопшто,
каде катастарот, сигурноста на имотите, геодезијата, слободниот пазар, имплементацијата
на европските политики за отворени и бесплатни софтвери и стандарди од областа
на геодезијата, ќе бидат главни стратешки цели на заедничкото делување
потенцираше м-р Антони Пешев – извршен директор на Стопанската комора на
Северна Македонија.

Претседателот на
Комората на трговски друштва за геодетски работи Никола
Рибароски истакна дека поради јавните овластувања кои ги има во согласност со
Законот, а кои во моментов незаконски и се одземени, ќе продолжи да делува како
независна, но од денес и под чадорот на Стопанската Комора. Соработката со
Комора која ја официјализираме денеска, ќе биде во насока на поддршка на нашите
заложби да обезбедиме за компаниите кои се дел од Геодетската комора соодветен
деловен амбиент преку кој ќе се обидеме да ја истакнеме важноста на
конструктивниот јавно-приватен дијалог. 

Главните и суштинските заложби и цели на
нашата Комора, се однесуваат на штитењето на интересот на своите членки во
целост, а не на туѓите и лични интереси на поединци, понатаму нивна подрршка со
цел зголемување на нивните стручни и економски капацитети преку имплементирање
на светски современи стандарди од областа на геоинформациите и користењето на
современата технологија, за уште поголема конкурентост во водењето и
имплементирањето на круцијалните проекти од државен интерес, но и на различни
меѓународни проекти. За тоа Комората ќе го продолжи своето членување во
различни меѓународни стручни организации, а ќе ја продолжи и одлично
воспоставената пракса за воспоставување на контакти, градење пријатество и
конкретни чекори за соработка со многу домашни и меѓународни иснтитуции.

Ја користам оваа прилика, да ве
информирам дека после 4 годишна сага, Владата е во процес на донесување или
измена на тарифникот за нашите услуги, кој оваа година навршува 10 години од
неговото донесување, и повикуваме овој процес да биде завршен во најкус можен
рок, бидејќи истиот е усвоен од страна на Управниот Одбор на Агенцијата за
катастар, а во овој момент за истиот во неколку владини иституции се дава на
мислење, но сметаме дека сето тоа трае предолго, а во меѓувреме се прават обиди
за различни симулирања, преку измени на постојниот Тарифник.

За крај, ние сме убедени дека со помош и
поддршка на Стопанската комора на Северна Македонија сите овие наши цели во
целост ќе ги оствариме, а проблемите како што реков во многу скора идина ќе
останат зад нас – посочи Рибароски. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45870
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на

29/09/2026

Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И НИЕ? Министерот советува терапијата да

29/09/2026

Од болести на кардиоваскуларниот систем во Македонија минатата година починале 6.888 лица, со стапка на смртност од 378,4 на 1.000

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Аргументите мора да

29/09/2026

Со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy