Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГАЗДИТЕ ПАНИЧЕА И МОЛЕА ЗА РАБОТНИЦИ, А НОСЕВМЕ И ОД СТРАНСТВО – но дали сега има обратен тренд, во декември невработеноста се зголеми за три илјади
Економија

ГАЗДИТЕ ПАНИЧЕА И МОЛЕА ЗА РАБОТНИЦИ, А НОСЕВМЕ И ОД СТРАНСТВО – но дали сега има обратен тренд, во декември невработеноста се зголеми за три илјади

23/01/2024

AA

Што се случува на пазарот на труд во земјава? Ова прашање се поставува откако во декември дојде до сосема спротивен тренд во поглед на бројот на невработени лица од сето она што
се случуваше во претходните месеци и години, практично откаоко индустриите
закрепнаа од големиот корона удар, односно неработењето предизвикано од
локдауните кои ги наметнаа властите со цел да се заштити здравјето на граѓаните.

Како што е познато, долг
период наназад и бројката и стапката на невработени се намалуваше, а голем број
од македонските компании и работодавачи панично нагласуваа дека им недостигаат
работници, поради што и се иницираше и увоз на работна сила од странство, на
пример од Филипините и други држави од каде што таа можеше да се обезбеди.

Но, податоците на
Агенцијата за вработување за декември покажуваат нешто сосема различно од
насоката по која бројката на невработени се движеше во претходните месеци,
односно за прв пат после подолг период имаме зголемување на невработените, и тоа воопшто не малку, туку за близу три илјади лица. Дали
станува збор за привремено и моментално изместување на пазарот или за некој
тренд кој би можел да продолжи и во иднина, останува да ги почекаме податоците
за јануари оваа година кога тие ќе бидат објавени од Агенцијата за вработување.

Спортед овие показатели,
во декември лани бројот на лица кои бараат работа изнесувал 105.452 лица. Оваа
бројка сама по себе и воопшто не е толку страшна, но загрижува фактот што таа
следува по постојани падови на линијата на невработените надолу, што се
случуваше постојано секој месец.

За работите да станат
појасни, ќе претставиме како се движеле бројките на невработеност во текот на
целата мината година. Имено, 2023 година сме ја стартувале со 111.896
невработени, што беше и дополнително намалување во споредба со претходната
година, како што економијата закрепнуваше од корона кризата. Следуваше февруари
кој заврши си 110.506 невработени, што значеше ново намалување. Во март беше
регистрирано дополнително спуштање на бројот на невработените на 108.675 лица,
додека во април имаше уште едно и нова пониска бројка од 107.588 невработени.
Во мај имаше благ пораст, но тој беше сосема незначителен и не многу вреден за
споменување, па невработеноста дојде до 107.744 лица, а веќе во јуни таа бројка
пак се намали и стигна до 107.049 лица. Јули било регистрирано ново позначајно
намалување на 105.948 лица, а во август имло ново снижување на 104.729,
за во септември да има благ пораст, на 105.357 луѓе евидентирани како
невработени.

Сепак, во октомври работите тргнуваат одлично, односно
бројката на невработени се намалува на 103.147 луѓе, за во ноември да има нов
пад, на 102.744 лица. И наместо невработеноста да дојде до 100 илјади или под
100 илјади какви што нивоа се очекуваа, декември донел раст на невработеноста
на 105.452 лица. Или, за само еден месец, последен од минатата година,
невработеноста се зголемила за 2.708 лица.

Како дојде до пораст за три илјади лица во еден месец
треба да кажат надлежните, но се поставува прашањето дали дојде до промени на
пазарот на труд кои не се во корист на работниците. Бидејќи, секој пораст на
невработените лица, за нив создава понеповолни услови кај работодавачите,
бидејќи се зголемува понудата на работна сила.

А, се најавува и една новина која е на страната на
работничката класа, односно граѓаните од
земјава, Србија и Албанија ќе добијат слободен пристап до пазарот на
трудот во овие три земји, за што вчера се
потпишаа Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од
Отворен Балкан.

Со овие протоколи завршени се неопходни правни
чекори за почеток на мерката, со што останува да се реализираат уште финалните
технички тестирања и усогласувања во рамки на системите за е-услуги во трите
држави. Се очекува мерката да стане достапна за граѓаните во текот на март 2024
година.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„НАШЕТО ТРПЕНИЕ Е ПРИ КРАЈ“: Роднините на жртвите од „Пулс“

21/02/2026
Македонија

НЕМА ПОТРЕБА ОД ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Граѓаните очекуваат реформи и подобар

21/02/2026
Македонија

ВИДЕО ВАРДАР ГО СКРШИ ОТПОРОТ НА БАШКИМИ: Цветковиќ донесе три

21/02/2026
Македонија

СЕ ЗАПАЛИ ПЛИНСКА БОЦА, ПРЕДИЗВИКА ПАНИКА ВО ЦЕНТАРОТ НА КОЧАНИ

21/02/2026
Македонија

УЖАС ВО СВЕТИ НИКОЛЕ, 21-ГОДИШНИК КРВНИЧКИ ЈА ТЕПАЛ СВОЈАТА БРЕМЕНА

21/02/2026
Македонија

Автопатот Гостивар-Букојчани готов до 2029 година – експропријацијата речиси завршена

21/02/2026
Македонија

УЖАС ВО СВЕТИ НИКОЛЕ: 21-годишник крвнички ја претепал и ја

21/02/2026
Македонија

ПАНИКА ВО ЦЕНТАРОТ НА КОЧАНИ: Се запали плинска боца во

21/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41754
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„НАШЕТО ТРПЕНИЕ Е ПРИ КРАЈ“: Роднините на жртвите од „Пулс“ револтирани од бавното судење и

21/02/2026

Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова во трагедијата „Пулс“, преку јавно обраќање упати остри критики кон институциите. Тој ги

НЕМА ПОТРЕБА ОД ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Граѓаните очекуваат реформи и подобар живот

21/02/2026

Владината коалиција функционира одлично и во овој момент нема потреба од одржување предвремени парламентарни избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски,

ВИДЕО ВАРДАР ГО СКРШИ ОТПОРОТ НА БАШКИМИ: Цветковиќ донесе три бода во натпревар кој заврши

21/02/2026

Фудбалерите на Вардар запишаа минимална, но значајна победа од 1-0 против екипата на Башкими во рамките на 19. коло од

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy