
Газдите на Рома ќе се обидат да го вратат Салах на Олимпико, го сакаат уште во јануари!
Откако го избркаа Мурињо, на Рома ништо не и оди, во моментов се на 15. место со само два бода над зоната за испаѓање.
Минатото лето потрошија 120 милиони евра за нови засилувања, но наместо подобро, резултатите тргнаа кон полошо.
Американските газди сега имаат нова идеја, нема да штедат за да го вратат Салах, му подготвуваат мега договор, го сакаат уште во јануари.
Неговиот договор со Ливерпул истекува по крајот на сезоната и нејасно е дали ќе го продолжи.
Салах две сезони играше за Рома, од 2015 до 2017 и токму од римскиот клуб отиде во Ливерпул.
