Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Газдата на „Дурмо Турс“ бара одложување на казната поради операција, откако неговиот соработник избега
Македонија

Газдата на „Дурмо Турс“ бара одложување на казната поради операција, откако неговиот соработник избега

01/12/2025

AA

Правдата за трагедијата кај Ласкарци е повторно доведена под прашање. Дурмиш Белули, сопственикот на компанијата „Дурмо Турс“ кој е осуден на десетгодишна затворска казна, во последен момент побара ново одложување на издржувањето на казната, наведувајќи здравствени причини. Ова барање доаѓа во исклучително чувствителен момент, откако неговиот осуден соработник, кој користеше ист основ за одложување, веќе е во бегство.

Белули, кој денеска требаше да се јави зад решетки за да ја започне својата казна од десет години затвор, поднел барање за одложување на извршувањето на казната поради закажана операција.

Барањето на Дурмиш Белули автоматски ја отвора дилемата за одговорноста на правосудните органи, имајќи го предвид неодамнешниот преседан во истиот случај.

Ремзи Мифтари, шефот на возниот парк на „Дурмо Турс“, кој исто така е осуден во случајот „Ласкарци“, претходно побара одложување на издржувањето на казната. Како причина тој навел операција на кила на тестиси.

Судот го прифатил неговото барање, но Мифтари не се вратил. Тој во меѓувреме побегнал од државата и сега се бара со меѓународна потерница.

Овој факт, кој претставува директно избегнување на правдата од страна на осудено лице, го става под силен јавен притисок Судот да биде максимално внимателен при разгледувањето на новото барање на сопственикот на компанијата.

Трагедијата кај Ласкарци, во која животот го загубија 16 лица, е еден од најголемите случаи во македонското судство, а осудителните пресуди донесени по повеќегодишен процес конечно требаше да почнат да се спроведуваат. Новото одложување од страна на првообвинетиот го одлага конечниот епилог на правната разрешница.

Судот во наредните денови треба да донесе одлука дали ќе го прифати барањето на Белули за одложување, или ќе нареди негово итно спроведување во затвор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy