
Гаши имал преплет црева, итно примен во болница!
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Според неофицијални информации, Гаши имал болки предизвикани од преплет на цревата, но немал крварење ниту други посериозни симптоми. Засега нема официјални информации дали му била извршена хируршка интервенција и дали е пуштен на домашно лекување.
Од кабинетот на собранискиот спикер сè уште нема официјална изјава за неговата здравствена состојба.