Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГАШИ АПЕЛИРА ДА СЕ ИЗБЕРЕ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ Недозволиво е толку долго да биде испразнета оваа функција
Македонија

ГАШИ АПЕЛИРА ДА СЕ ИЗБЕРЕ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ Недозволиво е толку долго да биде испразнета оваа функција

25/12/2025

AA

Претседателот на Собранието Африм Гаши апелираше до пратеничките групи да се изнајде политичка волја и во Собранието да се избере народен правобранител. На денешната средба со новинарите тој кажа дека лично ќе се ангажира да се најде решение за ова прашање, бидејќи станува збор за важна институција и оти е недозволиво толку долго да нема прв човек.

– Што се однесува до процедурата ние сме направиле се таа да тече нормално, но затекнати сме со политичката волја на полтичките партии. Знаете дека треба да се изгласа со мнозинство и со голем Бадентер (20 пратеници од заедниците). Ја користам оваа можност преку вас медиумите да упатам апел до сите политички партии да го одблокираме овој процес, да најдеме решение, да седнат политичките актери да најдат решение. Пред сѐ, да бидеме совесни кон една многу битна институција како што е Народниот правобранител. Би сакал тоа најбрзо што е можно да се случи и веднаш би ја свикал седницата. Точката е на дневен ред, ќе ја изгласаме за да може да функционира и во однос на повторените избори кои се на 11 јануари – рече Гаши.

Доколку не се најде политичка волја да се избере народен правобранител, Гаши вели дека треба да се најде алтернатива за други решенија.

– Но, мислам дека не се исцрпени сите политички капацитети да се најде компромис и затоа повикувам уште еднаш овие денови да се седне да се најде решение и мислам дека немаме толку големи разлики за да не можеме да одлучиме кој ќе биде народен правобранител – рече претседателот на Собранието.

Комисијата за избори и именувања го предложи Фатон Сељами за народен правобранител. Владејачкото мнозинство има доволно гласови да биде поддржан овој кандидат, но нема доволен број пратеници за гласањето по Бадентер. Мнозинството располага со најмногу 14 гласови по Бадентер, а недостасуваат гласови од Европскиот фронт предводен од ДУИ.

Зборувајќи за изборот на нови членови на Судскиот совет, Гаши рече дека тие ќе се бираат согласно новиот закон, што треба да биде донесен во вторник на 30 декември.

Во Собранието се уште не е формирана работна група за изборен закон и се уште нема јасен став дали ќе се работи на комплетно нов документ или дали ќе се земе предвид веќе готовиот драфт што го работеше работна група во Министерството за правда пред парламентарните избори. Гаши рече дека денеска ќе зборува со министерот за правда и оти работите ќе бидат појасни.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy