Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Г.Г. Стефан и Ковачевски на ифтарска вечер кај Џафери
Македонија

Г.Г. Стефан и Ковачевски на ифтарска вечер кај Џафери

12/04/2023

AA

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, вечерва беше домаќин на традиционалната Ифтарска вечера по повод светиот месец Рамазан. На вечерата, покрај претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, присуствуваа и потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, координаторите, пратениците и претставниците на политичките партии во законодавниот дом.

Помеѓу присутните беа и Реис ул Улемата на Исламската верска заедница, Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан и католичкиот бискуп, Монсињор Д-р Киро Стојанов.


На вечерата се следеше вообичаениот ифтарски протокол на кој што се веќе навикнати и претставниците на другите верски заедници, а токму тие различни ритуали и придаваат на оваа вечера необична убавина и духовна сплотеност. Седнувањето на сите гости на заедничката трпеза, и тоа како има моќ на обединување а воедно е и одличен пример кој што треба да им биде показател на сите граѓани дека заедно можеме, и да гладуваме, и да јадеме, и да се насмееме и да си ги споделиме тешкотиите.

Токму така како што правеле и нашите предци на овие простори. Иако времетраењето и начинот на постење се разликува со тоа што Велигден е неколку дена пред Рамазан Бајрам, сепак има доволно време за и православните, и исламските и католичките верници да се прочистат физички и духовно, да ја демонстрираат солидарноста и сочувството на дело, да споделат убави мисли и пораки на взаемна почит и разбирање, со еден збор, да станат подобри луѓе за себе и за сограѓаните. Тоа беше и пораката што ја упати претседателот Џафери посакувајќи им на присутните гости добро здравје, душевен и семеен мир и благосостојба.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината

13/04/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во

13/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ

13/04/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42420
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината е во европеизација, а не

13/04/2026

Поразот на Виктор Орбан на изборите во Унгарија е политичка порака што одекнува и надвор од Будимпешта и претставува директна

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во пешак и го повредил

13/04/2026

Лишен од слобода e возач од Неготинско, кој возејќи под дејство на алкохол и со мерка забрана за управување, удрил

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ Засукај ги ракавите и

13/04/2026

ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче да се огради од криминалите на Зоран Заев, да ги засука ракавите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy