Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Франција: Нов масовен штрајк против пензиските реформи
Македонија

Франција: Нов масовен штрајк против пензиските реформи

06/03/2023

AA

Франција се подготвува за уште еден масовен штрајк утре против пензиската реформа на претседателот Емануел Макрон, откако синдикатите едногласно објавија дека ќе ја „парализираат“ земјата со штрајкови и разни други демонстрации.

– Ги повикувам сите вработени во државата, граѓаните, пензионерите, масовно да одговорат на повикот за протести во вторник. Претседателот на Републиката не може да остане глув, изјави генералниот секретар на реформистичкиот синдикат ЦФДТ, Лоран Бергер.

Ова е шести пат од 19 јануари луѓето масовно да излезат на протести против предложената пензиска реформа, чија цел е поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години и продолжување на времето за плаќање на придонесите потребни за добивање целосна пензија.

Огромното мнозинство Французи се „непријателски“ расположени кон оваа реформа бидејќи ја сметаат за „неправедна“, особено кон работниците на тешки работни места.

Владата тврди дека промените се неопходни за францускиот пензиски систем да излезе од дефицит до 2030 година.

Веќе со недели синдикатите вршат притисок и ги предупредуваат Французите да се подготват да живеат 24 часа на ден во земја во која сè ќе „запре“.

Наставниците, машиновозачите, работниците во енергетскиот сектор, индустриските работници и многу други се очекува да се приклучат на утрешниот штрајк.

Исто така, за разлика од претходните штрајкови, главните конфедерации на француските синдикати, вклучувајќи ги CFD и CGT, најавија „продолжени штрајкови“, што значи дека по завршувањето на секој штрајк, работниците ќе гласаат дали да продолжат индустриските активности.

Без одреден датум кога би можеле да завршат штрајковите, синдикатите веруваат дека нивната акција има потенцијал да го наруши секојдневниот живот и да ја загрози економијата толку многу што владата нема да има друг избор освен да попушти.

Синдикатите веруваат дека повеќе луѓе ќе протестираат утре отколку на 31 јануари, кога според полицијата на улица излегле 1,27 милиони луѓе, а според синдикатите 2,5 милиони.

Железничките и метро услугите во Париз утре ќе бидат прекинати бидејќи работниците на француските железници (SNCF) и париското метро (RATP) се приклучуваат на штрајкот.

Владата ги повика вработените да се префрлат на работа од дома.

Според Владата, реформата на пензискиот систем би донела дополнителни 17,7 милијарди евра пензиски придонеси годишно, а синдикатите одговараат дека има и други начини за зголемување на приходите, како што е оданочувањето на супербогатите.

Жестоката расправа во Парламентот за предлог-законот заврши на крајот на февруари без расправа за контроверзниот член 7 за зголемување на старосната граница за пензионирање. Предлогот сега се разгледува во Сенатот.

Во меѓувреме, Макрон повикува на „здрав разум“. Тој признава дека „никој не сака да работи подолго, но имајќи предвид дека живееме подолго, мора да работиме подолго ако сакаме да го зачуваме системот на меѓугенерациска солидарност“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Русите почнаа да тестираат вакцини против рак

22/06/2025

Во Русија започна клиничко испитување на нова вакцина против рак. За истражувањето беа регрутирани 48 волонтери, а досега се регистрирани

ВИДЕО Иран испали нов бран ракети кон Израел

20/06/2025

Иранската војска испали нов бран ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Нападот доаѓа откако Израел издаде предупредување за евакуација до

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy