Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Франција ја наполни Холандија, хет-трик на Лукаку за триумф на Белгија во Шведска (ВИДЕО)
Спорт

Франција ја наполни Холандија, хет-трик на Лукаку за триумф на Белгија во Шведска (ВИДЕО)

25/03/2023

AA

Франција со убедливи 4-0 ја победи Холандија во дербито на денот во квалификациите за ЕП 2024, Белгија со 3-0 славеше на гостувањето кај Шведска, Ромелу Лукаку ги даде сите три гола.

Дека на Холандија не ѝ се пишува добро беше најавено уште во втората минута кога по асистенција од Мбапе, Гризман погоди за водство на Франција од 1-0.

Само шест минути подоцна веќе беше 2-0, гол даде Упамекано. Во 21. минута погоди и Мбапе за убедливи 3-0. Тоа беше негов прв гол како капитен на Франција.

Но, тоа не беше се од него оваа вечер, го постигна и вториот гол, беше прецизен во 88. минута поставувајќи го конечниот резултат од 4-0.

Холандија во судиското продолжение имаше пенал, но Мањан му го одбрани шутот на Депај.

Ромелу Лукаку конечно проработе оваа сезона, даде три гола за Белгија на гостувањето кај Шведска за победа од 3-0 на неговата репрезентација. Еднаш погоди во првото полувреме и двапати во вториот дел.

И Србија тргна со победа во квалификациите, славеа со 2-0 против Литванија во Белград. Тадиќ и Влаховиќ беа стрелци на головите.

Следниот противник на Македонија, Фарските острови со кои во понеделник играме пријателски меч, одиграа 1-1 кај Молдавија.

Австрија со 4-1 го победи Азербејџан, Чешка со 3-1 беше подобра од Полска, Грција со 3-0 славеше гостинска победа кај Гибралтар.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Митева: Упатена официјална покана до Софија – ќе го побиеме

14/05/2026
Македонија

Митева: Лукровски е на боледување, шпекулациите за оставка се неосновани

14/05/2026
Македонија

Мерки на претпазливост за в.д. претседателот и судски администратор на

14/05/2026
Македонија

Митева пресече: Изборите ќе бидат редовни, СДСМ ги очекува уште

14/05/2026
Македонија

Митева: Владата покажува политичка волја за независно обвинителство

14/05/2026
Македонија

Муцунски: Дијалогот со Бугарија е неопходен, без отстапки за националните

14/05/2026
Македонија

Уапсена 71-годишна жена од струмичко, си ја истепала снаата!

14/05/2026
Македонија

Четири лица уапсени за семејно насилство!

14/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43277
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Митева: Упатена официјална покана до Софија – ќе го побиеме „посакуваниот неуспех“ на опозицијата

14/05/2026

Во своето последно излагање во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, портпаролката на Владата, Марија Митева, откри дека Македонија веќе презема

Митева: Лукровски е на боледување, шпекулациите за оставка се неосновани

14/05/2026

Портпаролката на Владата, Марија Митева, ги отфрли шпекулациите за наводна оставка на градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, посочувајќи дека тој

Мерки на претпазливост за в.д. претседателот и судски администратор на Основен суд Гостивар

14/05/2026

Постапувајќи по предлог на надлежното обвинителство за определување мерки претпазливост, на 14.05.2026 година, судот донесе решение со кое го уважи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy