
ФОТО Внимавајте при прошетка со вашите миленици низ Ѓорче: „Монструми шетаат меѓу нас“
Загрижени граѓани до нашата редакција испратија фотографии наводно од општина Ѓорче Петров, на кои може да се види мамец за миленици.
„Монструми шетаат меѓу нас“, пишува наш читател во испратената порака.
Тој додава дека при прошетка со кучиња, ова го нашол во Ѓорче Петров.
„Сликата кажува повеќе од било кој збор. Внимавајте на вашите миленици и споделете за што повеќе луѓе да се информирааат“, додава читателот.
Локацијата била во близина на матичното на улица Виа Игнатија.

