
ФОТО: УХМР објави мапа, невремето веќе започна, еве кон каде се движи
16:15 Моменмтална состојба: Нестабилна облачна маса јужно од Скопската Котлина и во подрачјето на Велес. Правец на движење кон север со мала брзина. Се очекуа попладнео неревремето да зафати делови од Тетово и Гостивар.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса денес од пладневните часови ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со услови за изолирана појава на град, особено во источните делови.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Променливо облачно, во утринските часови во источните делови со врнежи од дожд. Околу пладне и попладне пообилни врнежи ќе има во во западните делови, каде ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладне во источните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието на места засилен ветер од северен правец.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
