
ФОТО Тргнати оградите од пред Собрание
Денеска се отстранија оградите поставени пред зградата на Собранието на Република Северна Македонија.
Оградите се тргнати за да се овозможи нормално движење на граѓаните и непречен пристап до околните улици.
Заштитните огради се поставуваат во случаи на ненајавени и најавени јавни собири со цел да се заштити периметарот околу зградата.
