
ФОТО Тешко повреден пешак на улицата „Народен фронт“ во Скопје – возачот избегал
На улицата „Народен фронт“ во Скопје, возач со голема брзина удрил пешак и избегал од местото на настанот.
Остатоците од крв се уште се видливи на улицата.
Повредениот е пренесен на скопските клиники со тешки телесни повреди, а засега нема детали за неговата состојба.
Полицијата ја презема истрагата за пронаоѓање на возачот.
