
ФОТО Стојанче Ангелов на ФБ: Заврна па тркнав до море, назад сум за миг, ако почне да гори
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов попладнево објави на својот личен профил на Фејсбук дека искористил момент за со семејството да „тркне“ на одмор.
„ПОД ОЛИМП. Благодарение на синоќешниот дожд, со семејството тркнав до море, на ден или два, малку јужно од горе, назад сум за миг, ако почне да гори“, напиша Ангелов на Фејсбук.
Инаку тој изминатите 24 часа се справуваше со над 50 пожари низ цела Македонија, со сите сили на ДЗС и Полицијата сите пожари беа ставени под контрола, а подоцна и изгасени благодарение на врнежите од дожд.
