
ФОТО Сообраќаен колапс во Скопје: Несреќа на булевар „Македонија“ и верижен судир кај Припор
Вечерва Скопје е зафатено од голем сообраќаен метеж по две последователни сообраќајни несреќи на клучни точки во градот.
Првата несреќа се случи на една од најфреквентните сообраќајници, булеварот „Македонија“, каде што полициски екипи веќе вршат увид.
Веднаш потоа, регистриран е уште еден инцидент кај населбата Припор, поточно на раскрсницата кај познатиот локал „Жужу“.
Според информациите од теренот, во овој верижен судир учествувале три возила.
Овие инциденти предизвикаа вистински хаос во сообраќајот:
Се апелира до граѓаните да ја прилагодат брзината на лизгавите коловози и, доколку се во можност, да ги избегнуваат овие правци додека не се нормализира движењето.
