
ФОТО Сообраќајка на патот Струга-Кичево
Попладнево на патот Струга-Кичево поточно после селото Извор се случила сообраќајна несреќа. Во несреќата учествувале три возила.
Нема информација за повредени лица или пак жртви.
Патот засега е блокиран и се очекува надлежните да го расчистат случајот.
Се апелира до возачите да бидат внимателни.