
ФОТО Скопје утрово во чад – граѓаните се гушат од загадениот воздух
Утрово Скопје е обвиено во густ чад, а граѓаните се жалат дека воздухот е неподносливо загаден. Градот поради активните пожари изгледа како да е под магла.
Според информациите од ЦУК, активни пожари има на депонијата „Дрисла“ во општина Студеничани, во близина на селото Никуштак во општина Липково, кај селото Булачани во општина Гази Баба, како и кај селото Татеши и населбата Еленкамен во општина Струга.
Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат подолг престој на отворено и да користат заштитни маски поради високото ниво на загаденост.
