Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата донела клучен План за енергија и клима, но никој не следи дали се спроведува
Македонија

Владата донела клучен План за енергија и клима, но никој не следи дали се спроведува

10/09/2025

AA

Иако Македонија има усвоено клучен стратешки документ за напуштање на јагленот и транзиција кон зелена енергија, Државниот завод за ревизија (ДЗР) откри критичен неуспех во владеењето: целосно отсуствува механизам за следење и контрола на неговото спроведување.

Станува збор за Националниот план за енергија и клима, кој Владата го усвоила во 2022 година. Овој план ги дефинира амбициозните цели на државата до 2030 година, вклучувајќи намалување на емисиите на стакленички гасови за 82% во споредба со 1990 година, целосно затворање на термоелектраните на јаглен и постигнување на 38% удел на обновливите извори во крајната потрошувачка на енергија.

Сепак, ревизорите утврдиле дека овој клучен документ постои само на хартија.

„Утврдено е дека не се изработени извештаи за следење на имплементацијата на планот, поради што отсуствува мониторинг над спроведувањето на политиката и остварување на целите“, се вели во извештајот на ДЗР.

Овој административен пропуст е директно поврзан и со хаосот во енергетскиот сектор. Ревизорите констатирале дека Владата нема усвоено ниту „Индикативен план за изградба на капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија“. Отсуството на ваква јасна стратегија, според ДЗР, е причината за несоодветното одлучување и неможноста да се приоретизираат огромниот број барања за инвестиции во обновливи извори.

Извештајот на ревизорите слика состојба на стратешки процес кој е напуштен веднаш по неговото донесување, оставајќи ја енергетската иднина на државата без јасен правец и контрола.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy