
(ФОТО) СЕ ШИРИ КОН БиХ: Чадот од големиот пожар во Осиек се гледа и од вселената
Чадот од големиот пожар во Осиек се гледа и од вселената, но и се шири кон БиХ. Иван Бабоселац, од Хрватскиот метеоролошки завод потврди дека чадот се гледа од вселената.
Се молат граѓаните на Осиек да не излегуваат од домовите за да се заштитат од загадениот воздух.
Пожарот што избувна нешто пред еден час по полноќ во дворот на осиекската компанија Драва Интернационал во населбата Бријест не е локализиран.
Сите расположливи противпожарни сили се на терен, како и багери од градски фирми, со цел да се направи коридор и да се спречи ширење на пожарот. Поконкретно, на терен се околу 100 пожарникари со 50 возила.
фото Иван Бабоселац