Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Познати се 10 стадиони за ЕП 2028 во В. Британија и во Ирска, го нема – „Олд Трафорд“!
Спорт

Познати се 10 стадиони за ЕП 2028 во В. Британија и во Ирска, го нема – „Олд Трафорд“!

04/10/2023

AA

Откако Турција се повлече од кандидатурата за организација на Европското фудбалско првенство во 2028 година, Велика Британија и Република Ирска останаа единствените номинирани, што автоматски ги промовира во домаќини на тој собир, а тие веќе ги соопштија и десетте стадиони на кои ќе се игра.

Изненадувањето е тоа што меѓу стадионите нема два големи и звучни, пред сѐ домот на Манчестер јунајтед – „Олд Трафорд“. Причината за тоа е фактот што „Црвените ѓаволи“ тогаш ќе го реновираат својот стадион и нема да биде достапен. Исто така, нема да се користи ниту „Лондон стејдиум“, арената на Вест Хем, која беше пуштена во употреба во 2012 година.

Меѓу десетте, два сѐ уште не се изградени, новиот стадион на Евертон, „Брамли-Мур Док“ и „Касемент парк“ во Белфаст. Освен тој на Евертон, Англија ќе има уште пет други, „Вембли“ и „Тотнем стејдиум“ во Лондон, „Вила Парк“, „Етихад“ и „Сент-Џемс парк“. Ирска ќе биде претставена со „Даблин Арена“, а по еден град-домаќин ќе имаат и Шкотска и Велс, „Хемпден парк“, домот на Ренџерс и „Принсипалити“, во Кардиф.

Досега Англија беше домаќин на ЕП во 1996 година, а во ЕУРО 2020, кое се одржа во повеќе европски земји учествуваа и „Вембли“ и „Хемпден парк“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Парада на гордоста во Скопје, се бара правно признавање на

20/06/2026
Македонија

Регистрирани десет пожари на отворен простор, еден е сè уште

20/06/2026
Македонија

ССМ: На четиричлено семејство му се потребни над 68.000 денари

20/06/2026
Македонија

Намалување на цената на горивата од понеделник, најави Мицкоски

20/06/2026
Македонија

Долги колони утрово на граничните премини кон Грција: се чека

20/06/2026
Македонија

Списокот за новиот владин кабинет до 1 јули пред пратениците,

20/06/2026
Македонија

Железницата запира: Десет дена без возови кон Велес, Битола и

20/06/2026
Македонија

Коалицијата „Менуваме“ најавува протест и бара правда за лицата со

20/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43846
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Парада на гордоста во Скопје, се бара правно признавање на родот, Закон за матична евиденција,

20/06/2026

Со пораки за еднаквост, прифаќање и видливост, денес од фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк започна осмата Парада на гордоста во

Регистрирани десет пожари на отворен простор, еден е сè уште активен

20/06/2026

До 18 часот, на територијата на целата земја се регистрирани десет пожари на отворен простор, од кои девет се целосно

ССМ: На четиричлено семејство му се потребни над 68.000 денари месечно; храната „голта“ третина од

20/06/2026

Четиричлено семејство во Македонија во јуни 2026 година имало потреба од најмалку 68.654 денари за покривање на основните месечни трошоци,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy