Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОТО Родителите на Васил Јованов негираа дека му го дале возилото, адвокатот Дукоски вели многу невистини се споделуваат
Македонија

ФОТО Родителите на Васил Јованов негираа дека му го дале возилото, адвокатот Дукоски вели многу невистини се споделуваат

07/02/2025

AA

На денешната прес-конференција на адвокатот на Васил Јованов, осомничениот кој ја прегази Фросина Кулакова на улицата „Партизанска“, се појавија и родителите на возачот. Тие категорично негираа дека му го дале возилото на своето дете.

Адвокатот Сашо Дукоски на прес-конференцијата жестоко реагираше на наведените тврдења во јавноста, нагласувајќи дека многу невистини се споделуваат во јавноста, што доведува до повици за линч на Јованов, наместо случајот да биде решен преку правниот систем и владеењето на законите. Тој изјави дека се прави обид за воспоставување на принцип „око за око“, кој не води никаде, и апелираше јавноста да се воздржи од неосновани обвиненија и шпекулации.

„Низа т.н. експерти се знаат за постапката, а таа не трае ниту една недела. Вчера беа донесени првите наредби за вештачење, но јавноста беше индоктринирана со нерални и неточни изјави кои доведуваат до јавен гнев и повици за линч на Васил Јованов. Ова не е обид за намалување на тоа што се случило, но потребна е судска постапка, а не со правдата на улицата и протестите“, изјави Дукоски.

Тој додаде дека со невистини се подгревал гневот, нагласувајќи дека осомничениот не избегал од местото на несреќата, како што било тврдено.

-Некој ќе се обидел со помош на психијатар да го прогласи за непресметлив – тоа не е реално, нема да се обидеме да ја намалиме неговата пресметливост и психофизичка способност од времето на вршењето на кривичното дело. Васил е пресметлив и психички здрав. Во однос на претходна сообраќајна незгода – се инсинуира дека таму имало корупција, па не било процесирано… за полесните незгоди се знае дека се бара согласност од другата страна да нема кривичен прогон, па така, после добиената согласност, на Васил му се наредува да уплати сума за да не се покрене кривична постапка, кажа Дукоски.

Пред да го стори делото, Васил беше на отворање на кафуле на пријател, каде конзумирал алкохол, но не и дрога, додаде адвокатот.

Прес-конференцијата предизвика големо внимание, бидејќи јавноста продолжува да биде под голем стрес поради трагичната сообраќајна несреќа, додека правосудните органи се уште го разгледуваат случајот и се очекуваат нови информации во текот на следните денови.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СÈ ПОПРИВЛЕЧНА ЗА СТРАНЦИТЕ Турците најбројни, Германците и Србите

27/09/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ СО НОВА ПОРAКА ДО ФИЛИПЧЕ Престанете да обвинувате други

27/09/2026
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски

26/09/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ

26/09/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45829
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче да не ја бара вината

27/09/2026

Додека Владата работи на подобрување на условите за граѓаните, во опозицијата се случува хаос, оцени денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране

МАКЕДОНИЈА СÈ ПОПРИВЛЕЧНА ЗА СТРАНЦИТЕ Турците најбројни, Германците и Србите веднаш зад нив

27/09/2026

Македонија во првите седум месеци од годинава ја посетиле 741.446 туристи, што е за 1,5 отсто повеќе во споредба со

ВМРО-ДПМНЕ СО НОВА ПОРAКА ДО ФИЛИПЧЕ Престанете да обвинувате други за состојбата во СДСМ

27/09/2026

ВМРО-ДПМНЕ со остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека не може одговорноста за состојбата во СДСМ

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy