
ФОТО Протест пред Собранието во знак на поддршка за Палестина
Пред зградата на Собранието на Македонија денеска попладне се одржа мирен протест во знак на поддршка за народот на Палестина.
Со транспаренти, палестински знамиња и извици за правда, граѓани и активисти побараа прекин на, како што рекоа, неправдата и насилството врз палестинскиот народ.
Организаторите испратија порака за солидарност и човекови права, како и силна осуда за страдањето на цивилите во Газа.