
ФОТО: Премиерот и сопругата се кршеа со јајца – кој победи?
Премиерот вчера со неговото семејство Христово воскресение го дочекаа во Охрид, во црквата Св. Богородица Перивлепта. Како што налага традицијата и тој со сопругата се кршеле со јајца, но кој победил останува мистерија.
„Вечерва заедно со охриѓани во црквата Св. Богородица Перивлепта го дечекавме Христовото воскресение.
Нека светлината од Воскресението на Христос донесе мир, љубов и надеж кај сите!
Да ја славиме оваа победа на животот над смртта со вера, радост и благодарност.
Христос воскресна!
Навистина воскресна!“, напиша премиерот на ФБ.