
ФОТО Повеќе од 70 загинати: Се преврте цистерна со гориво во Нигерија
Најмалку 70 луѓе загинаа, а 56 се повредени во северна Нигерија кога цистерна со гориво се преврте и експлодираше, соопшти Националната агенција за управување со вонредни состојби.
Командантот на Федералниот корпус за безбедност на сообраќајот Кумар Цуквам објасни дека жителите се обиделе да го подигнат истуреното гориво, по што дошло до експлозијата.
Хусаини Исах, од Националната агенција за управување со вонредни состојби, истакна дека операциите за пребарување и спасување се во тек.
„Извлечени се повеќе од 70 тела, повредени се 56 лица, а уништени се повеќе од 15 продавници“, се наведува во соопштението на Националната агенција за управување со вонредни состојби.
Повредените се пренесени во болници.