
ФОТО Помор на риби во Вештачкото езеро Градче, институциите истражуваат
Денеска претпладне е забележан помор на риби во Вештачкото езеро Градче, при што најмногу страдале риби од видот костреж.
Еколошкиот инцидент го регистрирале претставници од риболовното друштво „Кочански рибар“, кои случајот веднаш го пријавиле до надлежните институции.
Засега причините за поморот не се познати, а надлежните продолжуваат со истражување.
