
ФОТО: ЈП Комунална преку соопштение се пофалија дека го исчистиле Скопје
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на изминатиов викенд извршија целосно чистење на патеките каде што под покровителство на Градот Скопје се одржа Авицена Женската трка за промоција на женското здравје.
Пред и за време на одржувањето на трката беше извршено рачно чистење и метење на потегот од Градскиот парк до раскрсницата МИДА на булеварот Илинден, додека по завршувањето на трката се подигнати и транспортирани шест кубни метри отпад одложени долж патеките.
Воедно, за време на викендот, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изврши неколку едукативно-информативни разговори со лица коишто беа затекнати при неправилно одлагање кабаст отпад на јавни површини во скопските општини Чаир и Аеродром.
