Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Траса на коридорот 8 спокојно си врви низ заштитеното подрачје на Охридскиот Регион!?
Македонија

Траса на коридорот 8 спокојно си врви низ заштитеното подрачје на Охридскиот Регион!?

10/04/2023

AA

Исклучително гласна тревога стигна во редакцијата на нашиот весник од страна на експерти што се длабоко обеспокоени од „очигледно направените исчекори во насока на конкретни обиди за создавање легална рамка за уништување нa материјалните докази за нашето постоење“!, пишува Нова Македонија.

Имено, според анализите на нашите соговорници, експерти од областа, со „нестручноста и неоснованоста на предложеното законско решение како измени и дополнувања на Законот за заштита на културното наследство, на најгруб можен начин се нарушува безбедноста на потенцијалното културно наследство на територијата од Република Македонија во лицето на случајните археолошки откритија, а отсуството на облигаторност со надлежната јавна установа за заштита на културното наследство овозможува манипулација и со квантитетот на евентуално пронајдените случајни археолошки откритија, но и со автентичноста на нивното стратиграфско, културолошко и историско толкување!“

Што идентификуваекспертската анализа, поради што алармот е кренат на највисок степен?

Со новопредложеното законско решение: „(3) Како исклучок од став (1) од овој член, доколку за време на вршење градежни работи за проекти од државно значење е пронајдено археолошко наоѓалиште, односно предмет од археолошко значење, изведувачот на работите: 1. веднаш, а најдоцна во рок од три дена писмено ќе го извести надзорниот инженер за случајното откритие; 2. ќе ги запре работите и ќе го обезбеди случајното откритие од евентуално оштетување и уништување, како и од неовластен пристапи; 3. ќе ги зачува откриените предмети на местото и состојбата во која се најдени“, целосно се отстранува улогата на државата во увидот и контролата на случајните археолошки откритија во лицето на надлежните јавни установи за заштита на културното наследство, што значи „стручните работи се одземаат од надлежните јавни установи за заштита на културното наследство и преминуваат во рацете на некој недоволно или воопшто, културно-историски и процедурално од тој домен, необразован инженер“.

Последователно, поврзано со членот 129 став (2) му се одземаат надлежностите на Министерството за внатрешни работи, а околу идентификацијата на случајните откритија надлежностите ѝ се одземаат и на Управата за заштита на културното наследство од членот 66 став (1) точка 4, што значи јавните функции за заштита на културното наследство.

Исто така, во вметнатиот став (3) на членот 65 од Законот, а поврзано со известувањето за случајното откритие (предмети од археолошко значење), никаде нема облигаторна комуникација на инженерот со сите претходно спомнати субјекти: а) надлежна јавна установа за заштита на културното наследство, б) Министерството за внатрешни работи и в) Управата за заштита на културното наследство.

Со вметнувањето на ставот (3) грубо е нарушена безбедноста на потенцијалното културно наследство на територијата од Република Македонија во лицето на случајните археолошки откритија, а отсуството на облигаторност со надлежната јавна установа за заштита на културното наследство овозможува манипулација и со квантитетот на евентуално пронајдените случајни археолошки откритија, но и со автентичноста на нивното стратиграфско, културолошко и историско толкување. Дополнително, им се одзема можноста на надлежните јавни установи за заштита на културното наследство при случајни археолошки откритија да се констатира состојбата и ситу, исклучително значајна за културните стратиграфски слоеви.

Надлежни јавни установи за заштита на културното наследство (стручни работи) на посочениот коридор се Националниот конзерваторски центар – Скопје, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп. Прашање е дали надлежност ќе се јави и кај НУ Конзерваторски центар – Гостивар, со оглед на ограничената територијана надлежност на централното градско подрачје.

Понатаму, оваа измена на Законот за заштита на културното наследство има една апсурдност и обезбедува невоедначена примена на Законот за заштита на културното наследство на територија од Република Македонија. Имено, измените, така како што се предложени, важат за градежни активности исклучиво поврзани со коридорот 8, опфатени со соодветното законско решение, што значи ограничувачка и територијална и временска примена, додека на преостанатата територија од Република Македонија, каде што би се вршеле слични градежни активности, примената на ова законско решение не е облигаторна. Токму ова, според експертите соговорници, зборува за брзоплетоста, нестручноста и неоснованоста на предложеното законско решение.

Измените и дополнувањата во членот 65 претставуваат грубо прекршување на Законот за заштита на културното наследство и овозможување приватна фирма да го контролира потенцијалното културно наследство на трасата од коридорот 8.

Исто така, за издвојување е дека при неколкугодишна најава од УНЕСКО дека Охридскиот Регион ќе биде впишан на Листата на загрозено светско наследство, притоа, имајќи го предвид фактот дека дел од трасата на коридорот 8 (Требеништа – Струга – Ќафасан) минува низ заштитеното подрачје на Охридскиот Регион, уреден со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион 2020 – 2029, а дополнително, тука е и Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион, во чии рамки е формирана и комисија за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион, се доаѓа до заклучок дека грубо се повредува и домашното и меѓународното законодавство поврзано со заштитата и на културното, но и на природното наследство во време кога Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство прават очајнички обиди Охрид да не го изгуби статусот на природно и културно наследство на УНЕСКО од 1979/1980 година.

Дополнителен проблем: За експлоатацијата на минералните суровини

Ваквите изливи на тотални непознавања на материјата, според експертите, кои често се предлагаат во измени и дополнувања на закони каде што државниот интерес за културното наследство не само што е на последно место туку овој пат очигледно е целосно исфрлен, ја отвораат Пандорината кутија и за експлоатацијата на минималните суровини, уредено во членот 79 од Законот за заштита на културното наследство, каде што нивното експлоатирање може да се врши само по претходна согласност на Управата за заштита на културното наследство, забележано во ставот (2) точка 2 од посочениот член. Но коридорот 8, колку и да е значаен, не смее да се стави во контекст на „ураган“ (како што метафорички се изрази еден политичар, обраќајќи му се јавно на друг), па не е чудо, велат експертите, пробивајќи ја својата траса, „надзорниот инженер, доколку наиде на минерална суровина за експлоатација и самиот да одлучи во името на државата“!?

Историјата веќе е ставена на продажна тезга, а сега, на овој начин, според експертското мислење и анализи, се создава „легална рамка за уништување, со наши раце, нa материјалните докази за нашето постоење!“ П.Р.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ОД КУМАНОВО ОДИ ВО ШУТКА Судот му одреди

02/10/2026
Македонија

ВИЕ Ѝ ПРИПАЃАТЕ НА ЕУ, ЌЕ ВЕ ПРЕЧЕКАМЕ СО ВАШИОТ

02/10/2026
Македонија

БАЈРАМИ ИНИЦИРАЛ НОВИ ПРОЕКТИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА „Ново ВЛТ“, „Мегавин.мк“

02/10/2026
Македонија

НАПАДНАЛА 81-ГОДИШНИК ВО ДОМОТ И МУ ЗЕЛА ПАРИ Полицијата приведе

02/10/2026
Македонија

КРЕНАЛ БЕТОНСКИ ЅИДОВИ ПОКРАЈ ДЕБАРСКО ЕЗЕРО!? Кривична пријава за узурпација

02/10/2026
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Е ТЕХНОЛОГИЈА НА СЕГАШНОСТА, А НЕ НА ИДНИНАТА

02/10/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА

02/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ВО СПЕЦИФИЧНА ПСИХОЛОШКА СОСТОЈБА, МУ ТРЕБА СТРУЧНА ПОМОШ

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45940
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГАЗДА ДЕКО ОД КУМАНОВО ОДИ ВО ШУТКА Судот му одреди притвор од 30 дена во

02/10/2026

Кривичниот суд Скопје на предлог на Јавното обвинителство му одреди притвор од 30 дена на Дејан Јованов Деко, првообвинет за

ВИЕ Ѝ ПРИПАЃАТЕ НА ЕУ, ЌЕ ВЕ ПРЕЧЕКАМЕ СО ВАШИОТ МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ И МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

02/10/2026

Мојата порака е јасна – вие ни припаѓате нам, на масата во Европската Унија. Северна Македонија навистина постигна успех со

БАЈРАМИ ИНИЦИРАЛ НОВИ ПРОЕКТИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА „Ново ВЛТ“, „Мегавин.мк“ и самостојни електронски игри биле

02/10/2026

Нови проекти за развој на АД „Државна лотарија“, вклучително и формирањето на „Ново ВЛТ“, интернет-платформата „Мегавин.мк“ и иницијативата за самостојно

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy