Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОТО Објавена е наводна порака за помош од убиената Росица од Велес испратена до министерот Тошковски
Македонија

ФОТО Објавена е наводна порака за помош од убиената Росица од Велес испратена до министерот Тошковски

23/09/2025

AA

На социјалната мрежа Фејсбук вечерва се појави и масовно се споделува вознемирувачка фотографија од СМС порака, за која се тврди дека е последен, очаен повик за помош, наводно испратен од неодамна убиената Росица К. од Велес до министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Автентичноста на пораката не е официјално потврдена, но нејзината содржина, во која се наведени и точни броеви на судски предмети, предизвика лавина од реакции и гнев во јавноста.

Нашата редакција го потврдува телефонскиот број кој е прикажан на фотографијата дека станува збор за личниот мобилен број на Министерот за внатрешни работи.

Во пораката, наводно испратена денеска во 16:08 часот, стои:
„Се надевам дека пишувам на правилно место и дека конечно некој во оваа држава ќе отвори уши и очи за мојата безизлезна ситуација… Човекот кој од декември па наваму ме демне, ме тепа и нанесува друг вид на насиство, силува, прогонува и последно пред 5 дена ми ја запали колата е сеуште на слобода!“.

Најшокантниот дел од пораката содржи тврдење за директен пропуст на институциите:
„Вратен му е пасошот од МВР и во моментов слетува во Берлин“.

Во текстот се наведени и броеви на предмети во ОЈО Скопје и Основниот суд Велес, со име на јавен обвинител, што се поклопува со веќе објавените информации за историјата на насилство што го трпела жртвата. Пораката завршува со зборовите: „Очајно ве молам за помош“.

Оваа објава доаѓа само една недела по трагедијата во Велес и по обелоденувањето на информациите дека убиената Росица со месеци пријавувала насилство, вклучително и палење на автомобил, како и дека убиецот добил само условна казна за насилство пет дена пред да го изврши двојното убиство и самоубиство. Се очекува официјална реакција од Министерството за внатрешни работи во врска со автентичноста и содржината на оваа порака.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy