
(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО СРБИЈА: Оштетени фасади, поплавени домови
Град со големина на лешник уништи фасади, има поплавени улици и куќи во Србија. Силно невреме погоди делови од Војводина.


Според жителите на Бачка Паланка, некои домаќинства останале без струја. Републичкиот хидрометеоролошки завод претходно издаде предупредување за невремето.

