Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОТО: Министерството за здравство обоено во „крв”
Македонија

ФОТО: Министерството за здравство обоено во „крв”

25/09/2023

AA

Со порака „Правда за жртвите” и вечерва пред Владата се одржа протест за случајот со Клиниката за онкологија.

По протестот пред Владата, граѓаните се преместија и пред Министерството за здравство каде фрлија црвена боја, па истото изгледа како да е обоено со крв.

Организаторите на протестот истакнаа дека не е исполнет ултиматумот од минатата недела, односно Јавното обвинителство не ги објавило сите детали за текот на истрагата за скандалот на Онкологија.

Организаторите најавија дека ќе продолжат да протестираат пред владината зграда секој понеделник во 18 часот и дадоа рок дека доколку надлежните институции не преземаат ништо, нема никаква разврска околу овој случај до 1 ноември, тогаш ќе бараат притисок од меѓународната заедница за сите детали околу случувањата во Онкологија да бидат јавно објавени.

Тие вечерва поставија шест нови ултиматуми: Истрага за инволвираноста на поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот директор на Онкологија Нино Васев; Проширување на истрагата на работата на Детска онкологија; Целосна ревизија на работата на Клиниката за Онкологија; Правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија; Обелоденување на информациите од истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово и Одговорност од ЈО кое одлучи дека нема кривично дела во трагичниот случај со малата Јана од Битола.

Освен за случувањата во Онкологија, граѓаните кои протестираа упатија реакција и други случувања, како што се измените на Кривичниот законик, за малата Јана од Битола, за пожарот во модуларната болница во Тетово и за трагичната автобуска несреќа во Бугарија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОДАТА ВО СТРУГА ЗАБРАНЕТА ЗА ПИЕЊЕ ПОРАДИ ЗАМАТЕНОСТ Може да

16/11/2026
Македонија

СЕДНИЦИТЕ ЗА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА НЕМА ДА ИМААТ РЕДОВНИ ПАУЗИ Пратеничките

16/11/2026
Македонија

ЈА КИДНАПИРАЛ, ЈА ЗАТВОРИЛ, ЈА ТЕПАЛ, Ѝ НАНЕЛ ТЕШКИ ПОВРЕДИ

16/11/2026
Македонија

„СЕЦИРАЊЕТО“ НА БУЏЕТОТ ЗА 2027 ЌЕ ПРОДОЛЖИ В СРЕДА Еве

16/11/2026
Македонија

ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ПАТОТ КОН ЕУ И ПОКРАЈ УСЛОВУВАЊАТА Мицкоски

16/11/2026
Македонија

ЌЕ СТОРИМЕ СÈ СТОРИТЕЛОТ ДА ОДГОВАРА ПРЕД ПРАВДАТА Мицкоски со

16/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА БИДЕ ПРЕДВОДНИК ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ Вајц

16/11/2026
Македонија

ДУИ ГО ОВОЗМОЖИ ВЛЕЗОТ НА АЛТА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА Непријатни

16/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46797
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОДАТА ВО СТРУГА ЗАБРАНЕТА ЗА ПИЕЊЕ ПОРАДИ ЗАМАТЕНОСТ Може да се употребува како техничка вода

16/11/2026

Водата во Струга е забранета за пиење поради зголемена заматеност во градскиот водовод, соопшти денеска јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

СЕДНИЦИТЕ ЗА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА НЕМА ДА ИМААТ РЕДОВНИ ПАУЗИ Пратеничките групи и претседателот на собранието

16/11/2026

Седниците за пратенички прашања во Собранието нема да имаат редовни паузи, со цел опозицијата да добие два часа ефективно време

ЈА КИДНАПИРАЛ, ЈА ЗАТВОРИЛ, ЈА ТЕПАЛ, Ѝ НАНЕЛ ТЕШКИ ПОВРЕДИ Поднесено обвинение и побаран притвор

16/11/2026

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против 31-годишниот охриѓанец осомничен за напад врз неговата девојка товарејќи го за три кривични

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy