ФОТО: Кај Фариш водата повлече „Југо“, патници остануваат заглавени!
Битолчани кои од утрово се заглавени со возилата кај Дреново јавуваат дека водата од излеана река однела и возило , но за среќа во него нема патници, пишува Апла.мк
Сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп од 7:20 часот е во целосен прекин поради обилни врнежи од дожд и излевање на Раечка Река, кај село Раец.
Како што информира АМСМ, на клучката кај местото викано „Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи.