Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОТО И ВИДЕО: Огромни протести во Израел, околу половина милион луѓе излегоа на улиците
Македонија

ФОТО И ВИДЕО: Огромни протести во Израел, околу половина милион луѓе излегоа на улиците

12/03/2023

AA

Стотици илјади луѓе синоќа протестираа во Израел против планираните реформи во правосудството, десетта сабота по ред. Протестите не покажуваат знаци на забавување, а во некои градови е забележан рекорден број учесници, јавуваат израелските медиуми. Си-Ен-Ен пишува дека на улиците излегле околу половина милион луѓе.

Само во Тел Авив се собраа околу 240.000 демонстранти, а во Хаифа многу помалку, околу 50.000. Протести против контроверзната реформа се одржаа и во Ерусалим, Бершеба, Еилат и неколку други градови.

Претседателот: Реформата во правосудството е грешка

Пред неколку дена, израелскиот претседател Исак Херцог за прв пат јавно проговори против плановите на десничарската влада. Тој рече дека реформата во судството е грешка, дека е репресивна и дека ги поткопува демократските основи на Израел.

Тој рече и дека е договорен компромис меѓу поддржувачите и противниците на реформата. Деталите за компромисот се уште не се познати на јавноста. Клучните елементи на реформата би можеле да поминат на последното гласање во парламентот следната недела, објавија израелските медиуми.

Со новата реформа Собранието би можело да ги укине одлуките на Врховниот суд

Според плановите на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, парламентот ќе може да ги поништи одлуките на Врховниот суд со просто мнозинство. Дополнително, политичарите ќе добијат поголемо влијание врз назначувањето на судиите.

Критичарите го гледаат тоа како закана за демократската поделба на власта и стравуваат дека реформите би можеле да му овозможат на Нетанјаху да избегне осуда во неговото судење за корупција.

За предлог-законот со кој ќе се ограничи можноста за негово отповикување гласаа 62 пратеници, а 20 беа против во 120-члениот парламент. Според овој нацрт, импичмент ќе биде можен само доколку за него гласаат најмалку 90 пратеници и само во случај на физичка и ментална неспособност на премиерот.

Нетанјаху: Демонстрантите ја преминаа црвената линија

На почетокот на месецот дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите во Тел Авив. Сообраќајот беше во прекин на повеќе патишта, а полицијата употреби водени топови и шок бомби. И полицијата на коњ се обиде да ја растера толпата. Најмалку 39 лица се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир.

„Тука сум за демократија, човекови права и правда“, рече Јохан Канал, еден од учесниците на протестот.

„Правото на протест не е право на блокада на земјата“, реагираше тогаш премиерот Нетанјаху. Демонстрантите, рече тој, ја преминаа црвената линија. „Суверена земја не може да толерира анархија“, заклучи Нетанјаху.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy