Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нов пораз од Португалија, но Македонија не се посрамоти!
Спорт

Нов пораз од Португалија, но Македонија не се посрамоти!

12/03/2023

AA

Португалците и вторпат ја демонстрираа разликата во квалитет во однос на Македонија и во рок од три дена и вторпат славеа, овој пат еден гол поблаго отколку во Скопје, во поефикасен меч, со 32-27.

Иако епилогот стана јасен, веројатно, уште на паузата меѓу двете полувремиња, сепак, Македонија одигра конкурентно и достоинствено, давајќи максимум против фаворитот во групата. Всушност, околу 25 минути од првиот дел се играше рамноправно, дури и за нијанса со повеќе водства за Македонија, отколку за домаќинот во Матишињос, близу Порто.

Мотивирани да покажат повеќе од пред три дена во Скопје (23-29), македонските ракометари отворија со водство од 3-1 до шестата минута. Проблемот со осцилациите и неконстантноста повторно стапи во сила, па не беше прашање дали можеме да одиграме добро, туку дали знаеме да го одржиме тоа ниво низ минутите. Во следните седум никој од нашата напаѓачка постава не успеа да го совлада голманот на Бенфика, Капдевил.

Не искористивме и пенал, губевме и топки, па Португалците го свртеа резултатот (5-3). Македонија повторно фати приклучок и во следните десетина минути се играше во резултатска брканица и менување во предноста. Сепак, кога Мартин Серафимов реализира седмерец за 11-10 во 23. минута, никој не знаеше оти тоа ќе остане последен гол за Македонија во првиот дел. Португалија направи серија од 5-0 и замина на одмор со 15-11.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
Македонија

Во кругот на противпожарните служби во Кочани повторно направена мини-депонија

07/08/2026
Македонија

„Чекаме срце за мојот 23-годишен син – да донираме и

07/08/2026
Македонија

Преседан во Правосудството: Уставниот суд го извести Обвинителството за неизвршена

07/08/2026
Македонија

Лекот „Фостер“ повторно достапен во аптеките без доплата за пациентите

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44899
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл во Куманово, компанијата ќе вработува

07/08/2026

Тимот на Lidl во Македонија продолжува да расте. Од почетокот на август, 17 нови вработени го стартуваа својот професионален пат

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на куќниот притвор доколку нема обвинение

07/08/2026

Шестиот и последен месец од законски предвидениот рок за истрагата против поранешниот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, истекува

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за свирепото убиство на Сузана Серенакова

07/08/2026

Скопскиот Апелационен суд ја преиначи првостепената пресуда за Илија Панов од Кавадарци и му ја зголеми затворската казна од 16

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy