
ФОТО Граѓани од Аеродром реагираат на неискосена трева во јавните површини
Загрижени жители на општина Аеродром преку објави на социјалната мрежа Фејсбук реагираат за недостиг на основно одржување на јавните површини.
На фотографиите што ги споделуваат се гледа висока и неуредна трева во паркот каде што, според нив, треба да си играат деца, како и на Булевар АСНОМ, пред една од станбените згради.
Граѓаните бараат од Општина Аеродром итно ангажирање на надлежните служби и косење на тревата, посочувајќи дека несредените површини не само што ја нарушуваат естетиката на населбата, туку претставуваат и здравствен ризик, особено за најмладите.
Од општината засега нема официјален одговор на ваквите реакции.