
(Фото) Гореше билбордот на Таравари во Скопје
Ноќеска еден час по полноќ полицијата добила пријава дека бил запален билборд со реклама од Арбен Таравери. Ова се случило во Скопје, а сторителите не се фатени. Станува збор за локација која е обезбедена со камери од локални објекти, но и од градскиот систем за видеонадзор.
„На 07.04.2024 во 01.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Илинден“ со ул.„Рузвелтова“ бил опожарен билборд на еден од кандидатите за претседател на Република Северна Македонија. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.