
ФОТО Голем пожар во село Штука – изгореа штала и кров од семејна куќа
Денес, во 15:20 часот, во селото Штука, струмичките пожарникари интервенираа на гаснење на пожар кој зафатил штала и кровна конструкција од семејна куќа, информира ТППЕ Струмица.
На терен излегле две противпожарни возила со шест пожарникари-спасители. При пристигнувањето, огнот со цела силина ја зафаќал кровната конструкција, поради што сите напори биле насочени кон спречување на неговото понатамошно ширење.
Од пожарот е предизвикана голема материјална штета.
Надлежните потсетуваат дека во случај на пожар или друга елементарна непогода, граѓаните можат да се јават на бесплатните броеви 112 или 193.