Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОТО Генералка во судницата каде за една недела ќе започне судењето за Пулс
Македонија

ФОТО Генералка во судницата каде за една недела ќе започне судењето за Пулс

12/11/2025

AA

Следната недела (19 ноември) треба да започне судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 млади лица.

По тој повод, во судницата во КПУ Идризово денес се одржа таканаречена „генералка“ односно финална проверка на хигиената, како и техничките и организациските услови пред почетокот на главната расправа.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека предметот ќе го застапуваат околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивната координација.

Во јуни годинава беше поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност. Меѓу обвинетите има сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.

Паралелно со главниот предмет, Обвинителството води и посебна истрага против 13 полициски службеници поврзани со случајот. Истрагата се одвива побавно, бидејќи ја води само еден обвинител. Според најавите, иако требаше да заврши до крајот на септември, поради одложено сослушување на сведоци се очекува обвинителска одлука на почетокот на декември.

Во Основното јавно обвинителство Кочани е отворена и предистражна постапка против службеници од Управата за јавни приходи, со цел утврдување на евентуални пропусти во работењето. Надлежниот обвинител веќе издал конкретни наредби и насоки за преземање процесни дејствија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy