Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димовска: Здружението на жртви побара да им биде доставен доказниот материјал за Пулс, судот се соочува со предизвици
Македонија

Димовска: Здружението на жртви побара да им биде доставен доказниот материјал за Пулс, судот се соочува со предизвици

12/11/2025

AA

Во пресрет на почетокот на судењето за случајот „Пулс“, в.д. претседателката на Кривичниот суд, Даниела Димовска, денеска на брифинг ги соопшти организациските детали и предизвици со кои ќе се соочи судот.

Во случајот се опфатени вкупно 38 обвинети, од кои 35 се физички лица, а 3 се правни лица.

Димовска информираше дека Судечкиот совет веќе донел одлука да не дозволи снимање на главната расправа.

Еден од клучните предизвици во постапката, според Димовска, ќе биде менаџирањето на оштетените, кои во голем дел се и сведоци.

„Од адвокатите ќе бараме да им се предочи на оштетените, кои исто така се и сведоците, дека нема да може да ја следат расправата пред да сведочат, бидејќи во спротивно тоа би значело дека може да го изгубат правото за сведочење,“ истакна Димовска.

Таа додаде дека судот се соочува и со предизвик во врска со барањето на Здружението на жртвите, кое побарало да им биде доставен комплетниот доказен материјал.

Дополнително, в.д. претседателката појасни дека во моментов се водат два одвоени предмети поврзани со случајот, за кои сè уште нема одлука дали ќе бидат споени во една постапка.

Поради чувствителноста на предметот и очекуваното присуство на голем број странки, Димовска потврди дека за време на рочиштата ќе биде обезбедена и лекарска екипа во близина на судницата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за

10/09/2026
Македонија

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно

10/09/2026
Македонија

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026
Македонија

Д-р Цана: Западнонилската треска остава долготрајни последици – специфичен лек

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: Ни се закануваа дека ќе го срамнат Собранието и

10/09/2026
Македонија

Тензично на Советот на Кисела Вода: Бараа обезбедување по расправијата

10/09/2026
Македонија

Гоцевски за преговорите со ЈНА: Генерал ни кажа договорот да

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45630
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за водата со фекалии во Гостивар

10/09/2026

Поранешната директорка на Јавното претпријатие „Комуналец“, Артана Асани, ќе биде во куќен притвор, откако гостиварскиот суд ја замени мерката затворски

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно без терапија

10/09/2026

Пациентките кои се борат со рак на дојка повторно се соочуваат со недостиг на клучна онколошка терапија. Преку социјалните мрежи,

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026

Единаесетгодишниот пијанист Андреј Цековски оствари голем меѓународен успех со освојувањето на првото место на престижниот натпревар International Youth Music Competitions.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy