
ФОТО Едната страна на крстот во Драчево свети половина, а другата целосно – граѓаните бараат брза поправка
Во населбата Драчево, крстот кој е поставен на видливо место веќе подолго време од едната страна свети само една половина, а од другата страна свети целосно.
Граѓани до нашата редакција испратија фотографии и побараа од надлежните институции да реагираат и да го средат крстот што поскоро, за да продолжи да светли како што треба.
Засега нема информации кога ќе се изврши поправка или замена на оштетените делови.

