Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се расипа единствениот исправен радар на скопскиот аеродром, авионите под 2.900 метри се „невидливи“
Македонија

Се расипа единствениот исправен радар на скопскиот аеродром, авионите под 2.900 метри се „невидливи“

21/09/2025

AA

Воздушниот сообраќај во македонското небо се соочува со сериозни предизвици поради ограничувања во радарското покривање на Скопје TMA (Terminal Maneuvering Area). Според информациите, хоризонталната радарска сепарација во областа изнесува 10 наутички милји, што е двојно повеќе од вообичаеното во европските терминални зони.

Дополнителен проблем претставува фактот дека средниот надзорен радар на Бањски Рид е нефункционален, што значително го намалува капацитетот за следење на авионите и ја зголемува потребата од резервни процедури.

Најголемото ограничување, сепак, е тоа што под 9.500 стапки (под 2.900 метри) нема радарско покривање во Skopje TMA. Во вакви услови контролорите на летање мора да применуваат процедурска наместо радарска контрола, што значи поголеми временски и просторни растојанија помеѓу авиони. Ова неизбежно ќе доведе до задржувања и доцнења на пристигнувањата и заминувањата на скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Воздухопловните експерти предупредуваат дека ваквите ограничувања не само што го намалуваат капацитетот на воздушниот сообраќај, туку и ја зголемуваат комплексноста на работата на контролорите.

Сакам да кажам претходно објави дека се расипа единствениот исправен радар во Контролата на летање во Македонската навигација (М-НАВ) на Скопскиот аеродром, со што од вчераутро контролорите не можат да ги гледаат авионите на мала висина, кога слетуваат. Од двата радара, едниот врз Контролната кула, другиот во нејзина непосредна близина, во функција бил само вториот, кој сега се расипа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy