
ФОТО Десетици навивачи пред хотелот на италијанската репрезентација во Скопје
Десетици навивачи дојдоа попладнево пред хотел во строгиот центар на Скопје за да ја испратат репрезентацијата на Италија на вечерашниот натпревар на Арена Тодор Проески во Скопје против македонската репрезентација.
Поради безбедносни причини воведе посебен сообраќаен режим денеска во Скопје, а централно градско подрачје е со зголемено присуство на полиција.
Натпреварот меѓу македонската репрезентација и Италија започнува вечерва од 20 часот и 45 минути арената во Скопје.
Порано во текот на денот дел од италијанските медиуми и играчите се пожалија на условите на теренот како и тревата која што е многу оштетена.