Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОТО Блесна црквата „Св. Константин и Елена“ во Скопје, по 13 години изградба наскоро свечено отворање
Македонија

ФОТО Блесна црквата „Св. Константин и Елена“ во Скопје, по 13 години изградба наскоро свечено отворање

19/09/2025

AA

Вечерва, по цели 13 години градилиште и лимени тараби кои го нарушуваа изгледот на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје, црквата „Св. Константин и Елена“ конечно почна да блеска и е подготвена за свечено отворање.

Осветувањето на храмот ќе се одржи на 28 септември, а светата литургија ќе започне во 8:30 часот. Чинот на осветување ќе го изврши поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, во сослужение со архиереите на Македонската православна црква.

„Поканет е државниот врв, дипломатскиот кор, стопанственици, претставници на локалната самоуправа, медиуми, како и сите верници кои сакаат да присуствуваат на овој торжествен чин,“ велат од Скопската епархија на МПЦ.

Изградбата започна во 2012 година, со средства обезбедени преку донаторски конференции на кои учествуваа политичари, бизнисмени и владици. Финансиските потешкотии го пролонгираа проектот, кој траеше цели 13 години.

Храмот „Св. Константин и Елена“ сега ја добива заслужената завршница и ќе стане значаен духовен центар во срцето на Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy