Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОРМИРАЊЕ АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА КОЧАНИ ВО МОМЕНТОТ НЕ Е ЦЕЛИСХОДНО, ВЕЛИ КОЦЕВСКИ Државниот јавен обвинител очекува транспарентна постапка
Македонија

ФОРМИРАЊЕ АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА КОЧАНИ ВО МОМЕНТОТ НЕ Е ЦЕЛИСХОДНО, ВЕЛИ КОЦЕВСКИ Државниот јавен обвинител очекува транспарентна постапка

19/11/2025

AA

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вели дека формирање анкетна комисија во Собранието за трагедијата во „Пулс“ не би било целисходно и потребно во овој момент, а дека по судската постапка може да се формира таква комисија за да се бара политичка одговорност. Во гостување на ТВ Сител Коцевски порача „политиката да ги тргне рацете од оваа постапка затоа што се води судска постапка“.

– Очекуваме транспарентна постапка, динамиката на судење ја определува судот. Од наша страна се исполнети сите услови, ангажирав дополнително уште неколку обвинители за да не се одолговлекува постапката од ЈО.

Државниот јавен обвинител додаде дека не верува оти ќе биде долг периодот до првостепената одлука затоа што има определени рокови.

Според него, погрешно било гледањето дека Обвинителството оставило простор за одолговлекување на постапката бидејќи, рече, се работи за 35 обвинети кои мора да бидат опфатени во истиот предмет. Размислувале дали овој предмет можел да се подели по институции, по периоди, дали ОЈО можело да направи друга евентуална распределба зашто во почетокот имаше 48 осомничени.

– Меѓутоа се подигна обвинение само за 35 физички и три правни лица што значи дека бројот на обвинети не е голем. Во спротивно, доколку би се раздвоила постапката, тогаш има законска можност едните обвинети да бидат сведоци во друга постапка. Се работи за исти докази кои би се повторувале во двете постапки и тоа би довело до поголемо одолговлекување на постапката. Затоа тимот на јавни обвинители одлучи да се води една постапка против сите обвинети и сметам тоа е најцелисходно решение – рече Коцевски.

Посочи дека досега имале три средби со родителите на жртвите во „Пулс“, последната минатата недела, и оти тие се запознаени со сите аспекти на обвинението, им ги објасниле сите околности, текот на постапката и одговориле на сите спорни нивни прашања.

Коцевски соопшти дека е при крај истражната постапка за околу 30 полициски службеници и очекува во првата половина на декември да се донесе првата јавнообвинителска одлука. Во тој период очекува да биде завршена и предистражната постапка за лица вработени во Управата за јавни приходи.

На прашање дали при формирањето на предметот со обвиненија во изминатиот период е вршен притисок врз ЈО, државниот обвинител одговори дека немало да има толку осомничени па потоа и обвинети опфатени со постапката ако имало притисоци.

– Од она што го знам од тимот на јавните обвинители, никој досега на никого нема вршено притисок, ниту на мене, ниту на нив. Морам да нагласам дека во двете постапки е постапувано по кривична пријава на Министерството за внатрешни работи, тоа е дополнителен факт кој може да се меша во јавнообвинителните одлуки на ЈО. Јавното обвинителство, како и досега, нема да врши никаква селекција во однос на потенцијални нови обвинети. За тие што има докази ќе има подигнато обвинение – рече Коцевски.

Во однос на случајот со наводи за извршени непотребни операции на срце на пациенти, обвинителот рече дека се уште нема посебни информации освен оние што ги објавуваат медиумите. Рече дека чекаат одлука од комисијата и таа да им достави документација за, како што рече, „евентуално да постапиме и да дадеме одредени упатства за преземање дејствија“.

Рече и дека се уште не се знае дали ќе има проширување на осомничени за злоупотреби во Платежната агенција за земјоделство. Во моментов се истражуваат телефоните, во притвор се неколкумина, еден во домашен.

– Постапката мора да биде брза имајќи предвид дека се работи за притворенички предмет. Но, се зависи од добивање на доказите односно обезбедување цврсти и сигурни докази – додаде државниот јавен обвинител во интервјуто за ТВ Сител.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy