Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Фон дер Лајен: Европската унија е подготвена да возврати на американските царини
Македонија

Фон дер Лајен: Европската унија е подготвена да возврати на американските царини

01/04/2025

AA

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во вторникот во Европскиот парламент изјави дека Европската унија ги има сите инструменти на маса за да одговори на американските царини доколку е потребно, бидејќи светот чека најава за нови трговски мерки од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Европа не ја започна оваа конфронтација. Мислиме дека тоа е погрешно. Имаме сè што е потребно за да го заштитиме нашиот народ и просперитетот. Имаме најголем единствен пазар во светот. Имаме моќ да преговараме. Имаме моќ да одговориме на американските царини“, рече Фон дер Лејен во Стразбур, пренесе Хина.

Шефицата на Комисијата нагласи дека „сите инструменти се на маса за контрамерки“ и предупреди дека царините „само ќе ја стимулираат инфлацијата, токму спротивното од она што сакаме да го постигнеме“.

Заканите на Трамп

„Не мора да сакаме да преземеме контрамерки, но доколку е потребно, имаме силен план и ќе го спроведеме“, рече Фон дер Лајен на дискусијата со европратениците за заклучоците од неодамнешниот самит на ЕУ.

Пред неколку дена, Трамп се закани со повисоки царини за Европската унија и Канада доколку соработуваат за „да предизвикаат економска штета на САД“.

ЕУ прво ги објави првите контрамерки, а потоа ги одложи до средината на април, вклучувајќи, на пример, царини од 50 отсто за американскиот бурбон. Како одговор, Трамп се закани дека ќе воведе царини од 200 отсто за сите вино и други алкохолни производи од ЕУ, доколку Брисел го стори тоа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕ СЕ ОГРАДИ ОД КРИМИНАЛОТ НА КЛАНОТ ДУБАИ Од

24/01/2026
Македонија

ЗА САМО 2 ДЕНА ГРАЃАНИТЕ ГО СМИРИЛЕ СВОЕТО ВОЗЕЊЕ Топаловски

24/01/2026
Македонија

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата што доцни е неправда

24/01/2026
Македонија

Се бара притвор за кумановецот кој во куфер носеше над

24/01/2026
Македонија

ПУКАЛ КОН ВОЗАЧОТ, ПА ЈА ГРАБНАЛ СОПАТНИЧКАТА Охриѓанец ќе одговара

24/01/2026
Македонија

ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ ТЕТОВСКО СЛАТИНО Повредените биле однесени

24/01/2026
Македонија

Опремете се со трпение: Утре прекин на сообраќајот во Тетово

24/01/2026
Македонија

Приведено лице од Куманово, во куфер си пренесувал над пет

24/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40577
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy