Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Фокусот на ЕУ е отворање нови рудници, во Македонија тоа е тема за дневно-политичка агенда и предизборни калкулации!
Македонија

Фокусот на ЕУ е отворање нови рудници, во Македонија тоа е тема за дневно-политичка агенда и предизборни калкулации!

09/01/2024

AA

Европскиот Парламент минатиот месец ја усвои директивата за критични суровини со 543 гласови „за“, само 43 „против“ и 24 воздржани, a со неа се предвидува значително намалување на роковите за издавање дозволи за експлоатација на руда.

Директивата се очекува да стапи во сила оваа пролет, откако текстот ќе биде потврден на Самитот на ЕУ закажан во март. ЕУ засилено ќе започне да го поддржува рударството на континентот о цел исполнување на целите од зелената агенда, а во фокус се т.н. критични минерални суровини, без кои не би можеле да се произведат електрични автомобили, да се создадат фотонапонски централи или пак ветерници.

Воедно, целта на ова е ниту еден надворешен глобален играч, како што се Кина и Русија, да не ја снабдува Унијата со повеќе од 65% од неопходните руди, пишува Плусинфо.

Меѓу 16-те критични минерали ЕУ ги вбројува литиумот, бакарот, кобалтот, титаниумот и други.

Директивата доби зелено светло и од екологистите што ја поддржуваат Зелената агенда на Унијата до 2050 година, но и од стопанските комори на ниво на ЕУ, кои го истакнуваат економското значење.

„Директивата за критични суровини е важен прв чекор за надминување на предизвикот за снабдување со метали во Европа. Ова е почеток на многу поголема промена на политиката за навистина да се поттикнат инвестициите во ЕУ“, изјави Евангелос Митилинеос, претседател на трговската асоцијација Eurometaux, пишува Плусинфо.

Од друга страна, според асоцијацијата Euromines, ЕУ се довела во оваа ситуација поради долгогодишната запоставеност на домашната рударска индустрија во Европа, бидејќи евтини руди непречено се увезувале од земји со ниски еколошки стандарди.

„Зелената транзиција мора да започне во рудникот. На крајот на краиштата, соларните панели или ветерниците не само што треба да произведуваат зелена енергија – тие најпрвин мора да бидат направени од зелени суровини. ЕУ мора да се врати на рударската карта преку дозволи за рационална експлоатација, а земјите-членки треба да испорачаат нови рудници“, потенцира генералниот директор на Euromines, Ролф Куби за Еурактив.

Шведска е веќе подготвена за олеснување на процедурите за експлоатација на минерални суровини и отворање рудници и чека директивата да започне да се применува. Од државна рударска компанија ЛКАБ велат дека наишле на големи откритија на ретки минерални суровини во северниот град Кируна.

А додека Унијата се подготвува за масовен ископ на суровини со кои ќе се исполни зелената транзиција за посигурна и поздрава животна средина, во Македонија рударството заостанува односно во последните 40 години во земјава е отворен само еден нов рудник „Боров дол“, кој всушност претставува површински коп и продолжување на векот на работа на „Бучим“ за минимум десет години каде се преработува бакарна руда.

Дел од експертите веќе апелираа оваа стопанска гранка да не се става во контекст на дневно-политичка агенда и предизборни калкулации.

Прочитајте повеќе на Плусинфо.мк

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy