Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛАНИ ИНФАЛЦИЈАТА НАДМИНАЛА 9 ПРОЦЕНТИ: Мебелот, покуќнината, ресторните и храната најмногу поскапеле, еве ги деталите
Економија

ЛАНИ ИНФАЛЦИЈАТА НАДМИНАЛА 9 ПРОЦЕНТИ: Мебелот, покуќнината, ресторните и храната најмногу поскапеле, еве ги деталите

09/01/2024

AA

Стапката на инфлација или индексот на трошоците на животот во 2023 година, во однос на 2022 година, бележи пораст од 9,4 проценти, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Што се однесува пак до индексот на цените на мало, таму истиот достигна 7 проценти. 

За споредба, минатата година, индексот на трошоците на животот во 2022 година, во однос на 2021 година забележа пораст од 14,2 отсто, додека пак цените на мало е 12,6 проценти.

Како што покажуваат податоците на Статистика, најголемо поскапување имало кај мебелот и покуќнината, па селдуваат рестораните и храната и безалкохолните пијалоци. 

– Пораст на индексите е забележан во групите: Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 13,6 отсто, Ресторани и хотели за 12,7 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци за 11,7 отсто, Разновидни стоки и услуги за 11,6 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 10,4 отсто, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 8 проценти, Рекреација и култура за 6,7 отсто, Здравје за 4,6 отсто, Облека и обувки за 4,4 проценти, Образование за 2,9 отсто, Комуникации за 1,1 процент и Транспорт за 0,5 отсто – се наведвуа во соопштението на ДЗС.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во декември 2023 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100,2 отсто, а индексот на цените на мало 101 процент.

Индексот на трошоците на животот во декември 2023 година, во однос на претходниот месец, забележа зголемување од 0,2 отсто.

– Зголемувањето на индексот на трошоците на животот во декември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на виното за 1,3 проценти, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,7 отсто, пивото за 0,6 проценти, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 0,3 отсто,месото, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,2 проценти – се појаснува во анализата на Статистика.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е

02/10/2026
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ДОСТАВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ Даваат

02/10/2026
Македонија

БРИСЕЛ СЕ ФОКУСИРА НА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА ПРИСТАПНИОТ ПРОЦЕС НА МАКЕДОНИЈА

02/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ОД КУМАНОВО ОДИ ВО ШУТКА Судот му одреди

02/10/2026
Македонија

ВИЕ Ѝ ПРИПАЃАТЕ НА ЕУ, ЌЕ ВЕ ПРЕЧЕКАМЕ СО ВАШИОТ

02/10/2026
Македонија

БАЈРАМИ ИНИЦИРАЛ НОВИ ПРОЕКТИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА „Ново ВЛТ“, „Мегавин.мк“

02/10/2026
Македонија

НАПАДНАЛА 81-ГОДИШНИК ВО ДОМОТ И МУ ЗЕЛА ПАРИ Полицијата приведе

02/10/2026
Македонија

КРЕНАЛ БЕТОНСКИ ЅИДОВИ ПОКРАЈ ДЕБАРСКО ЕЗЕРО!? Кривична пријава за узурпација

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45943
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е ОДНАПРЕД ДОНЕСЕНА Адвокатката на Јованов

02/10/2026

Адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на сопственикот на дскотеката „Пулс“, Дејан Јованов  Деко, реагираше на новата истрага за поткуп и повторното

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ДОСТАВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ Даваат разумен рок за враќање на

02/10/2026

Платформата 12.05 денеска во архивата на СДСМ ги достави предлозите за структурни промени во партијата. Платформата „Разговори за иднината во

БРИСЕЛ СЕ ФОКУСИРА НА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА ПРИСТАПНИОТ ПРОЦЕС НА МАКЕДОНИЈА Урсула фон дер Лајен повторно

02/10/2026

Европската комисија се фокусира на деблокирање на пристапниот процес за Македонија, по што би можеле да следуваат и конкретни патокази

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy